Бразил прв фаворит за титулата, Јапонија со поголеми шанси од Англија

Кога станува збор за статистика, се почесто новинарите веруваат и се повикуваат на предвидувањата на Opta sports, аналитичка интернационална спортска компанија која најмногу шанси за освојување на титулата му дава на Бразил.

Според Opta , шансите на Бразил за освојување на титулата се 13.2 отсто, потоа следи актуелниот светски шампион Германија- 10,7, па Аргентина – 10,1 проценти.

 

На самиот врв се Франција (9,9) и Шпанија (8,9), Белгија (4.0), додека европскиот шампион Португалија според Opta, има 3.2 отсто шанси за титулата.

Интересно е тоа што поголеми шанси за освојување на титулата Opta и дава на Јапонија (2.2) од Англија (2.1). Шансите на Хрватите и Србите се прилично еднакви, но аналитичарите малку повеќе доверба има во „Огнените“ отколку во „Орлите“, (1,9 во споредба со 1,8).

За предвидувањето на пласманот на Мундијалот  Opta користела база на податоци од претходните меѓународни натпревари и од претходните шампионати на светот. На овој начин се пресметува одбранбената и напаѓачката моќ на секој тим. Дополнително, додадени се  неколку променливи за Светското првенство и добиени се овие статистики. Во предид се земени сите официјални натпревари тимови во последните четири години, како и натпреварите од Светското првенство 2010 и 2014 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.