Спорт

Бразил сака Барселона да биде шампион на Шпанија

Бразил сака Барселона да биде шампион на Шпанија

Луис Филипе Сколари, селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил експресно ја демантираше пласираната шпекулација дека Фудбалската федерација на Бразил има испратено барање до челниците на катлонскиот гигант Барселона и од нив било побарано, бразилските интернационалци, Неимар и Дани Алвеш да не бидат во комбинација за најважниот натпревар во актуелната сезона, саботниот дерби дуел против директниот ривал во борбата за шампионската титула, тимот на Атлетико (М).

„Не само што сакаме двајцата да бидат дел од тој натпревар, сакаме да слават во тој дуел против Атлетико (М). Бразил сака Неимар и Алвеш да бидат крунисани за нови шампиони на Шпанија. Таквиот успех ќе има големо влијание врз моралот во националниот тим, ќе влијае врз самодовербата. Ја слушнав таа информација, за наводното барање Неимар и Алвеш да не го играат тој натпревар. Станува збор за грешна информација, сосема споротивна од таа што ние ја посакуваме”, изјави Сколари.