Бразил со ремито против Швајцарија ги продолжи киксовите на фаворитите

Еден од најголемите фаворити на Светското фудбалско првенство во Русија, селекцијата на Бразил одигра само 1:1 (1:0) со Швајцарија во неделата во Ростов на Дон во првото коло од Групата Е, дополнувајќи го впечатокот за лошиот старт на најсериозните кандидати за титулата.

Првата шанса на мечот ја имаше Швајцарија во 3 минута кога Шаќири го проигра Џемаили кој од убава ситуација лошо шутираше. Бразил се закани во 12 минута, кога Нејмар се проби крај корнер-линијата и додаде за Паулињо кој од пет метри шутираше крај голот. Меѓутоа, „Селекао“ и без игра успеа да поведе во 20 минута кога Кутињо прекрасно пласираше од 18 метри во швајцарската мрежа.

По постигнатиот гол Бразилците им ја препуштија иницијативата на Швајцарците, а ваквата алиби игра на чување на водството и се одмазди во 50 минута, кога Шаќири одлично изведе корнер на Стивен Цубер со глава го погоди бразилскиот гол. Израмнувањето како да ги „расони“ петкратните светски прваци, но во продолжението делуваа многу неубедливо во однос на репутацијата, Во 70 минута волејот на Кутињо од 13 метри откосо отиде крај голот, во 88 минута Немјар шутираше со глава директно во голманот Зомер, кој одлично го одбрани ударот на Фирмињо во првата минута од судиското продолжение, а веднаш потоа Моранда од добра ситуација силно шутираше крај голот. И во последните минути од последната шеста минута од судиското продолжение по гужвата во казнениот простор ударот на Ренато Аугусто пред небранетиот дел од голот го блокираше Шаер.

По киксовите на Аргентина (реми 1:1 со Исланд) и на Германија (пораз 0:1 од Мексико), им се придружи и Бразил како еден од најголемите фаворити на шампионатот. Претходно во оваа Група Е, Србија во Самара со 1:0 ја совлада Костарика, Следното второ коло се ига на 22-ри јуни кога се среќаваат Бразил – Костарика и Србија – Швајцарија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.