Бразил: Убиени 13 лица на новогодишна прослава

Бразилската воена полиција соопшти дека ноќеска, во градот Кампињас, маж упаднал на забава што била организирана од страна на неговата поранешна сопруга, употребил огнено оружје и при тоа убил најмалку 13 лица, а потоа извршил самоубиство.

Се наведува дека, меѓу убиените е и неговата поранешна сопруга како и членовите на нејзиното семејство, а три лица се повредени.