Свет

Бразил: Врховниот суд го суспендираше претседателот на Сенатот

Бразил: Врховниот суд го суспендираше претседателот на Сенатот

Врховниот суд минатата недела наложи на Каљеирос (61) да му се суди поради обвинението за проневера на пари, додека тој негира дека користел јавни фондови за плаќање на трошоците на жената, со која има дете.

Во неделата се одржани и демонстрации, чии учесници бараа смена на Каљеирос, клучниот сојузник на брзaлскиот претседател Мишел Темер.

Суспендирањето на претседателот на Сенатот и претстојното судење против него се сметаат за прилично дестабилизирачки за Темер, кој се обидува да ја извлече најголемата латиноамериканска економија од криза, откако дојде на чело на земјата по отповикувањето на дотогашната претседателка Дилма Русеф.