Бразил за нијанса подобар од Србија

Домаќинот на престојниот Мундијал, кој стартува на 12 јуни, репрезентацијата на Бразил, многу потешко од очекуваното ја оправда фаворитската улога и забележа само минимална победа во пријателскиот дуел против одличната репрезентација на Србија.

Единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 59 минута, беше дело на искусниот напаѓач на Флуминензе, Фред.
Идентична победа, но во пријателскиот дуел против селекцијата на Австралија, забележа првиот противник на Бразил во групната фаза, репрезентацијата на Хрватска, а единствениот погодок на натпреварот беше дел на Никица Јелавиќ.

Вистинска демострација на моќ, презентираше репрезентацијата на Германија која со убедливи 6:1 го торпедираше националниот тим на Ерменија, а од останатите пријателски натпревари ќе го издвоиме минималниот триумф на Португалија во дуелот против репрезентацијата на Мексико.
Поинтересни резултати: Русија – Мароко 2:0, Хрватска – Австралија 1:0, Бразил – Србија 1:0, Колумбија – Јордан 3:0, Јапонија – Замбија 4:3, Грција – Боливија 2:1, Португалија – Мексико 1:0, Костарика – Ирска 1:1.