Бразилецот Малком во Барселона

Досегашниот крилен играч на француски Бордо, 21-годишниот Бразилец Малком Филипе Силва де Оливиера попознат само како Малком, фудбалската кариера ќе ја продолжи во редовите на каталонскиот гигант Барселона.

Малком за Барселона потпиша договор на пет години, а Бордо како отштета за неговиот трансфер ќе инкасира 41 милион евра.

До вторникот се чинеше дека младиот Бразилец кариерата ќе ја продолжи во Рома, раководството на Бордо и објавија дека Малком се сели во Рим, но во трката тогаш се вклучи Барселона понудувајќи десет милиони евра повеќе.

Малком мината сезона беше еден од најдобрите играчи во француското првенство постигнувајќи 12 голови. Во Бордо дојде во 2016 година од Коринтијанс, а настапуваше и за бразилските селекции до 20 и до 23 години.