Спорт

Бразилецот Пеле повторно со нарушено здравје

Бразилецот Пеле повторно со нарушено здравје

Втор пат за само две недели, легендата на бразилскиот и светскиот фудбал Пеле е хоспитализиран во болница.

Пеле пред две недели бил опериран поради камен во бубрегот, па бил пуштен на домашно лекување. Но како што пренесуваат светските медиуми, Бразилецот повторно е примен во болницата “Алберт Ајнштајн” поради уринарна инфекција, по што ќе следат дополнителни тестови за да се одреди точната дијагноза и времето кое Пеле ќе го помине во болница.

Пеле со Бразил освои три титули светски првак и се смета за најдобар фудбалер на сите времиња.

Светската фудбалска федерација го прогласи за играч на векот, а Меѓународниот олимписки комитет за најдобар спортист на 20-тиот век.