сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 25

Бразилскиот министер за спорт поднесе оставка

133106927

Последни вести

Бразилскиот министер за спорт Жоржи Хилтон денеска поднесе оставка на функцијата, четири месеци пред почетокот на Летните олимписки игри во Рио де Жениеро.

Оставката на Хилтон се случува во време кога Бразил е во длабока политичка криза поради процедурата за отстранување  на претседателката Дилма Русеф од функцијата поради финансиски злоупотреби.

Хилтон претходно ја напушти својата Партија на бразилското демократско движење (ПМДБ), која пред два дена се повлече од владејачката коалиција, со цел да ја задржи функцијата.

Се уште не е позната судбината на другите шест министри од ПМДБ во Владата.

Најчитани вести