вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 41

Бразилските власти се виновни за смртта на фудбалерите?!

fudbaleriavion

Последни вести

Најмалку 76 патници, од кои 19 фудбалери, загинаа ноќеска на кобниот лет во падот на авионот во Колумбија.

Во него се наоѓале 22 фудбалери на бразилскиот прволигаш Чапекоенсе, а тројца се однесени во болница и нивната состојба е тешка. Патувале за Меделин на финалето на Копа Судамерикана. Она што го шокираше целиот Бразил е тоа што целата фудбалска експедиција воопшто не требала да патува со овој лет. Неколку дена пред патувањето, раководството на клубот побарало дозвола за чартер, но бразилските власти не дозволиле. Вонреден лет не одобрила Агенцијата за цивилно воздухопловство на Бразил.

aerodrom

Откако не успеале во својата намера, челниците одлучиле во Колумбија да патуваат преку Боливија со комерцијален лет. Авионот удрил во планина недалеку од Меделин и уште не се знае како дошло до падот.

Најчитани вести