Бразил2014

Бразука е совршена топка за Марио Балотели

Бразука е совршена топка за Марио Балотели

Веќе е традиција, на секое ново Светско првенство да биде презентирана и користена нова фудбалска топка, која секогаш е врв на последната технологија. Топката со која ќе се играат натпреварите на Мундијалот во Бразил е наречена “бразука”.
Секогаш, поголем е бројот на тие фудбалери кои ја критикуваат новата топка, кои се жалат дека истата нема правилно движење, но дефинитивно, најголема главоболка имаат голманите.

Новата топка дефинитивно најмногу ќе им одговара на тие фудбалери кои располагаат со моќен удар, а централниот дефанзивец на Англија, Фил Јагиелка веќе изјави дека “бразука” е совршена топка за напаѓачот на Италија, Марио Балотели и поради таа причина, репрезентативците на Англија не смеат да му дозволат на Супер Марио да упати нити еден удар кон голот на Џо Харт.