Бред откри зошто Анџелина е толку слаба и расплака многумина

По шпекулациите дека се разведуваат поради изневерување и од едната и од другата страна, шокантните фотографии на кои актерката изгледа како костур, шпекулациите дека боледува од неизлечлива болест, вестите за актерскиот пар Анџелина Џоли и Бред Пит одеднаш запреа.

Меѓутоа, во јавноста испливаа нови информации –двојката не се разведува, кризата е надмината, тие засекогаш се селат од Лос Анџелес и во моментов се среќни и се сакаат повеќе од било кога, пренесува „Дејли Меил“.

Во прилог на тоа говори и изјавата на Бред за неговата сопруга.

Мојата жена се разболе. Постојано беше нервозна поради проблеми на работа, во приватниот живот, со децата. Изгуби многу килограми. Премногу е слаба. Многу плачеше. Ја болеа главата, срцето, грбот, белите дробови. Не спиеше и брзо стануваше уморна. Нашиот брак беше на работ на пропаст. Од нејзината убавина остана само сенка. Престана да се грижи за себе. Мислев дека ќе се разведеме, ја изгубив секоја надеж. А потоа се одлучив нешто да направам. Покрај мене беше најубавата жена на светот. Беше светски идол за убавина и среќен сум што сум јас баш тој кој можеше да ја прегрне и спие покрај неа. Почнав да опсипам со цвеќиња, бакнежи, комплименти. И угодував и и приредував изненадувања секој ден. Живеев за неа. Во јавноста зборував само за неа. И успеа. Процвета. Ме сакаше повеќе од било кога. Не знаев дека може толку силно да сака. А потоа сфатив – Жената е одраз на секој маж. Ако ја сакате до лудило, тогаш таа тоа и ќе стане – љубов, изјави Бред и расплака милиони луѓе.