Бред Пит: Бракот е нешто повеќе од хартија

Холивудскиот актер Бред Пит, по свадбата со Анџелина Џоли, откри што за него значи бракот и дека тој е нешто повеќе од само потпишување на хартија.

„Бракот не е само ставање на потпис на хартија, тој е нешто многу повеќе“, изјавил актерот, кој со Анџелина се венча по врска од 9 години. Тие се во врска од 2005 година и имаат шест деца од кои три се посвоени.

Пит даде и коментар за својот колега Џорџ Клуни, кој неодамна го кажа судбоносното „Да“ во Венеција.

„Џорџ е многу достапен. Многу е смешен и е одлично друштво. Јас сум веројатно беден гад“, вели Пит кој сам себе се нарекува „осаменик“.

get_image_variation

За себе често вели дека е сноб и дека одбива улоги кои му се нудат ако тој не ги одбира режисерите со кои ќе работи или ако тимот на режисери не му се допаѓа.

„Понудата мора да вреди за да заминам од дома на некое време“, објаснува актерот.