Бред Пит се огласи по пишувањата за разводот

Американскиот актер Бред Пит денес ги замоли новинарите да стојат подалеку од неговите деца откако медиумите објавија дека неговата долгогодишна партнерка Анџелина Џоли поднела барање за развод.

Тој ги замолил новинарите за приватност.

-Тоа многу ме растажи, но она што е најважно сега е доброто на нашите деца. Љубезно ги замолувам новинарите да им го дадат просторот кој го заслужуваат во ова време, изјавил Пит за магазинот „Пипл“.

Актерката поднела барање за развод од Бред Пит, соопшти денес нејзиниот адвокат Роберт Офер.

-Одлуката е донесена поради здравјето на семејството. Таа нема да дава коментари и бара на семејството да му се обезбеди приватност во овој момент, наведува Офер во соопштението.

Џоли во Вишиот суд во Лос Анџелес го поднела барањеѕто за развод во понеделникот, а како причина се наведуваат „ненадминливи разлики“, покажуваат судските документи. Таа бара потполно физичко старателство над нивните шест деца во право на посетување од Пит. Порталот „TMZ“ повикувајќи се на неименуван извор објавува дека катерката е вознемирена поради родителските методи на Пит и постојаното користење на марихуана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.