Брегалница не се излеа во штипско, но властите останаа 24 часа будни

Нивото на река Брегалница на неколку клучни точки за поплави остана непроменето. Обиколницата околу Ново Село која во 2013 беше поплавена а со тоа и домовите на куќите покрај истата, остана сува.

И покрај прелевањето на браната Мантово со околу 113 м/3 вода, и дотек на околу 290 м/3 во акумулацијата, нема штети во Ново Село во Штип, а со тоа и на имотите на луѓето.

bregalnica003

И покрај тоа, штипскиот градоначалник и локалната самоуправа презедоа итни мерки за обезбедување на имотите на жителите на Ново Село. Изминатите 24 часа локалната власт поддржана од припадниците на АРМ, МВР, ЦУК, јавните претпријатија и државните органи беше на ниво на задачата, обезбедувајќи појас од неколку илјади вреќи со песок на критични точки околу обиколницата во Ново Село, со што беа презедени мерки за безбедност и во случај на излевање на Брегалница.

bregalnica004

Локалната самоуправа веќе најави преземање на мерки со кои ќе се обезбеди коритото на Брегалница на неколку клучни точки, а тоа ќе значат и трајни решенија со што во иднина нема да има вакви стресови за жителите од Ново Село.

Нивото на Брегалница кај 8.ми Ноември и во Ново Село ова утро остана на исто ниво како и доцна синоќа во 21 часот, кога се очекуваше и првиот бран на излевање, а што не се случи.