Брегалница порибена со 100 килограми крап

Брегалница порибена со 100 килограми крап
Брегалница порибена со 100 килограми крап
Членовите на Здружението на спортски риболовци (ЗСР) „Брегалница“-Штип денеска заедно со Државниот инспектор за води извршија порибивање на реката Брегалница, во близина на бањата Кежовица.

Секретарот на ЗСР „Брегалница“ Благој Димитров вели дека реката е порибена со околу 100 килограми крап, а парчињата се со тежина од 20 до 150 грама. Тој апелира до рибарите во наредните десет дена да не ловат риба на потегот од бањата Кежовица до месноста наречена Четвртиот километар.

– Рибниот фонд на реката Брегалница на ривер пет е во многу добра состојба, бојник имаме во изобилство, така да рибната состојба е многу добра. Членството ни е зголемено, во текот на оваа година имаме околу 500 членови, вели Димитров.

Рибарската чуварска служба и спортските риболовци годинава немаат забележано помор на рибата на реката Брегалница, која поминува низ штипскиот регион.

– Имаше мало загадување од поранешниот текстилен комбинат „Македонка“, реката ни ја фарбаа црвена, бела, сина и тоа го решивме со инспекторите на локалната самоуправа. Што значи и тоа е решен проблем, вели Димитров.

Тој доадава дека поголеми кражби на риба немаат забележано, благодарение на рибочуварската служба, која 24 часа е на терен и го заштитува рибниот фонд. Годинава е реализирана и најголемата казна за рибокрадец, кој ловел со мрежа, а судот му изрекол казна од 700 евра