Свет

Брејвик се заканува со штрајк со глад ако не добие Сони плејстејшн

Брејвик се заканува со штрајк со глад ако не добие Сони плејстејшн

Норвешкиот масовен убиец Андрес Брејвик се заканува дека ќе штрајкува со глад, ако не биде обезбедена конзулата за видеоигри Сони Плејстејшн 3, јавува Евроњус.

Брејвик, кој во 2011 година уби 77 луѓе, го нарече затворот мачење. Во овој момент убиецот во затворот има Плејстејшн 2.

„Штрајкот со глад нема да прекине се додека министерот за правда, Андрес Анундсени и властите во затворот не престанат да се однесуваат кон мене како кон животно“, вели Брејвик во писмо напишано на рака долго четири страни.