Свет

ВИДЕО: Поради овие услови во затворот Брејвик штрајкува со глад!?

ВИДЕО: Поради овие услови во затворот Брејвик штрајкува со глад!?

Поради овие услови во затворот Брејвик штрајкува со глад? Обвинетиот норвешки масовен убиец Андерс Брејвик се закани дека ќе штрајкува со глад поради неподносливите услови за живот.

Ако го погледнете приложеното видео, ќе сфатите дека условите во кои живее масовниот убиец во затворот, во некои земји би можеле да бидат дефинирани како „кралски апартман“ во однос на условите за живот во затворите.

Брејвик е осуден на 21 година затвор поради нападите што ги изврши на 22-ри јули 2011-тата година. Тој уби осум лица со поставување бомба пред владата во Осло и уште 69 учесници на летниот камп на Подмладокот на работничката лига на островот Утоја.

Брејвик ја обвини Норвешка дека ги крши човековите права
Брејвик ја обвини Норвешка дека ги крши човековите права

Во отворено писмо, Брејвик се пожали дека од почетокот на септември е чуван во затворена ќелија (ако ова воопшто може да се нарече ќелија) и изолиран од останатите затвореници. Дополнително му бил дозволен излез само по еден час дневно. Брејвик исто така пишува дека поминувал многу малку време со затворскиот персонал, а комуникацијата се отвора само преку малиот отвор на вратата на ќелијата.

Тој најави дека поради ваквите услови тој ќе штрајкува со глад до смрт и дека повеќе неможе да издржи.

Ова не е прв пат Брејвик да се жали на условите во затворот. На 27-ми ноември 2012 тој напиша писмо на 27 страници, во кое условите во затворот ги спореди со условите во озлогласениот затвор „Абу Гариб“ во Ирак.

Дали тоа навистина е така, уверете се сами. Погледнете го видеото!