Бремена жена и девојче потешко повредени во сообраќајка кај Струмица

Бремена жена и двојче се потешко повредени во сообраќајната несреќа која вчера вечерта се случи на магистралниот пат Струмица – Ново Село, пишува „Курир“.

Жената и девојчето се хоспитализирани на КАРИЛ, но според последните информации се надвор од животна опасност. Жената (29) која е во вториот месец од бременоста и 10 годишното девојче поради карактерот на повредите по несреќата веднаш биле пренесени на скопските клиники.

Во сообраќајната полесно повредени се уште 3 лица кои се хоспитализирани во струмичката болница.

Во несреќата учествувале  „Фиат Типо„ управувано  од Ц.Т  (29) и „Опел Астра“ управувано од Т.А (23)  и двајцата од село Дабиља. Тешко повредени сопатнички се од Фиатот, додека со полесни повреди поминале двајцата возачи и сопатник во „Астрата“.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата.