Бремените и хронично болните ослободени од работа до 4-ти август

Бремените и хронично болните се ослободени од работа до 4-ти август. Донесените препораки за ослободување од работни обврски на бремените и хронично болните лица на возраст над 60 години, како и препораките да се избегнува вршење градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот, ќе продолжат да важат до 4-ти август соопшти вечерва Министерството за здравство.

Продолжувањето на препораките, кои важеа и деновиве (од 22-ри до денеска) е поради најавата на метеоалармот од Управата за хидрометеоролошки работи – дека до крајот на неделата ќе продолжат високите температури над 40 степени. Министерството наведува дека во претстојниот период континуирано ќе се следи состојбата и ќе се преземаат соодветни мерки според временските состојби, велат од Минситерството.

Почитувајте ги општите препораки за заштита од високите температури

Понатаму во соопштението Министерството за здравство потсетува на општите препораки за заштита од високите температури, согласно Акцискиот план за заштита од топлотни бранови:

– Во текот на екстремно топли денови, се препорачува престој во затворени климатизирани простории, а при неопходен престој на отворено, да се овозможат почести одмори под сенка.

– Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце и заштитни очила и капа. При сончање се препорачува да се користи крем со висок заштитен фактор.

– Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна.

– Да се внесуваат големи количества течности (најдобро обична вода за пиење),  а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.

– При влегување во возило, потребно е одреден период да се проветри возилото.

– Хронично болните лица треба редовно да ја земаат пропишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Задолжително миење на зеленчукот и овошјето

Задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, како и термичка подготовка на храната
Задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, како и термичка подготовка на храната

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, исто така се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, како и термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката (доколку тоа не се направи, подготвената храна да се стави во фрижидер на + 8 степени, а пред употреба да се загрее на + 100 степени).

Се препорачува да се избегнува консумирање производи кои не се термички обработени, како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се консумира сладолед и разни кремови.

Во сите градови низ државата се поставени пунктови за превентивни препораки и совети за заштита од високите температури. Пунктовите функционираат секој ден во периодот од 18:30 до 21:30 часот. На пунктовите се врши мерење на крвен притисок и се даваат совети за превенција од топлото време и за здрав начин на живот.

Утре најтоплиот ден ова лето

Најтоплиот ден во ова лето не очекува утре. Како што најавуваат метеоролозите времето утре во Македонија ќе бидесончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утре најтоплиот ден ова лето
Утре најтоплиот ден ова лето

Утре, кога не очекува најтоплиот ден за оваа сезона, утринската температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а дневната од 34 до 41 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе биде околу 20, а дневната ќе достигне до 40 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.