Магазин

Бременоста не го зголемува ризикот од рецидив на ракот на дојката

Бременоста не го зголемува ризикот од рецидив на ракот на дојката

Жените коишто имале рак на дојката често ја избегнуваат бременоста стравувајќи дека со тоа ќе се зголеми ризикот од рецидив, меѓутоа најновото истражување покажува дека може да имаат деца без страв дека болеста ќе им се поврати.

„Ова откритие им гаранира на жените дека бременоста по дијагнозата од рак на дојката не го зголемува ризикот од враќање на болеста“, изјави др Ерика Мајер од Институтот за рак „Дејна Фејрбер“ на конгресот на амерканското здружение на клиничките онколози ASCO кој се одржа во саботата во Чикаго.

Жените коишто имале рак на дојката се меѓу сите заболувања од малигни болести кои најтешко се решаваат за бременост, поради стравот дека зголеменото лачење на хормоните би можело да предизвка зголемување на туморните клетки.

Ова особено важи за жените чијшто тумор е позитивен на рецепторите на естрогенот (ER-positive), што значи дека тој хормон го „храни“. Таквите пациентки земаат блокатори на естрогенот пет а понекогаш и по десет години, за да го држат туморот под контрола. Бременоста, оттаму, би значела пауза во терапијата којашто спречува поврат на болеста.

Истражувањето спроведено на 1.207 жени помлади од 50 години со неметастатички тумор на дојката дијагнстициран пред 2008 година.

Повеќето, или 57 отсто, биле ЕR позитивни. Од вкупниот број, 333 забремениле, а на секоја од нив им се придружени по три жени со слични тумори кои не затрудниле. По десетгодишното следење, не е воочена значителна разлика на рецидив од заболувањето меѓу оние коишто добиле бебе и оние кои не се решиле на бременост.

„Нашата студија покажува дека бременоста по ракот на дојката не би требало да обесхрабрува, дури и кога туморот е ЕR позитивен“, вели др Матео Ламбертини од Институтот „Жил Борде“ во Брисел, кој го водел тимот во споменатото истражување.