Брена: Киднапирањето на мојот син никогаш не е разрешено

Пејачката Лепа Брена како и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ ниту после 15 години не знаат кој стои зад киднапирањето на нивниот син Стефан, пишува српски „Курир“.

– Неверојано е дека сите киднапирања во оваа земја се откриени само на Стефан не е. И неверојатно е дека тоа се ни се случи нас, кои се што имаме го стекнавме самиlepa-brena-1425491998-622376 (1), чесно работејќи – рекла Брена во српската емисија „Ексклузив“.

Синот на Брена, Стефан беше киднапиран на 23 ноември 2000 година. Тој со Брена тргнал на фризер, но се вратил дома по ролерките и по излегувањето од дома, на улица запрел автомобил во кој киднаперите го вовлекле детето. Стефан им бил вратен на родителите на 28 ноември. Медиумите пренесоа дека киднаперите барале откупнина од 2,5 милиони германски марки.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.