Магазин

Брена: На јаки лекови сум!

Брена: На јаки лекови сум!

Познатата српска фолк пејачка Лепа Брена кога станува збор за здравјето повторно поминува низ пекол, затоа што вториот по ред пад по скали во целост ги попречи сите нејзини планови и повторно внесе немир во домот на семејството Живоиновиќ.

Како што пишува српскиот портал ало.рс, еден од специјалистите по ортопедија вчера го посетил домот на познатата пејачка и востановил дека не е потребна нова операција на лактот, но поради силните болки таа мора да земе засилена доза лекови.

brena_2-Можев и полошо да поминам. Еднаш веќе поминав низ ова, важно е дека поминаа болките, изјави Брена.

Инаку Лепа Брена новогодишните празници ги помина на Златибор, каде што се случи несреќата.

-Во моментот кога се симнував по скалите во хотелот во едната рака ја носев чантата и филџанот за кафе. При крајот на скалите полетав и пред моите успејав да ги спасам и чантата и филџанот. Штом почувствував дека неможам да го поместам лактот, сфатив што се случува. Дека се повторува ситуацијата од минатото лето, вели Лепа Брена.

Како и да е, со адекватна терапија и помош од семејството и пријателите, Брена и оваа несреќа ќе ја надмине и ќе продолжи со редовните активности.

фото: alo.rs