Брена одбила 50.000 евра – му кажала НЕ на шеик од Дубаи

На Лепа Брена и е поубаво да ја прослави Новата година со сопругот Боба Живојиновиќ во нивниот дом отколку да земе 50.000 евра хонорар за настап во најлудата ноќ. Токму таа сума и била понудена на фолк дивата за да пее во Дубаи за дочекот на 2015 година, но таа глатко кажала – Не!

Брена одбила да настапи на приватна забава која ја организира еден шеик од Дубаи, кој важи за еден од најмоќните луѓе во Обединетите Арапски Емирати, но ниту тој факт не бил важен за пејачката да се предомисли. Таа не сакала да ја прифати понудата и да настапува заради се што и се случуваше во последно време, а најмногу заради смртта на мајка, па така одлучила таа ноќ да не пее.

brena 1