Брендот „Macedonia Timeless“ успешно промовиран во Франција

Привлекувањето на туристи во оваа земја се одвива преку прилагодена туристичка понуда за детектираниот интерес кој е насочен кон недопрената природа и културата на земјава. Туристичката понуда на Македонија е во конкуренција со понудата од 1700 тур – оператори од светот, а најголем е интересот од страна на младите парови, семејства и поединци. Интересот на француските туристи е најголем за авантурата, кратки посети на градови и култура, а својот одмор, неверојатни 70% од француските туристи преферираат да го резервираат преку интернет.

appt2

На саемот за туризам во Франција, претставници на АППТ остварија бројни состаноци на кои ја презентираа туристичката понуда на земјава и ги испита можностите за соработка со Trip Advisor, Travel Magazines, Open2Europe, IndigoConsulting.

appt