Брестовац нов тренер на „Металург“

„Металург“ денеска го промовираше Данило Брестовац за нов тренер на екипата, кој потпиша тригодишен договор.

Тој добро го познава Металург бидејќи пред четири години му беше помошник на Лино Червар, а беше и активен голман на тимот од Автокоманда.

Сакам да се заблагодарам на претседателот и сопственикот на клубот кој ми овозможи по три години да се вратам дома, да бидам поблиску до семејството и да работам во клубот кој го сакам и го чувствувам како мој. Немам магично стапче, но можам да ветам дека ќе работиме, во овој тригодишен период сакам „Металург“ да продолжи да биде лидер во регионот за производство на млади квалитетни ракометари, изјави Брестовац на денешната промоција.

Брестовац минатата сезона беше тренер на „Ред бојс Диферданж“ од Луксембург, а претходно две години му беше помошник на Ивица Обрван во „Шамбери“.