Брестовац продолжува во француското ракометно првенство

Поранешниот македонски репрезентативец и досегашен помошник на Лино Червар во Металург, Данило Брестовац се сели во Шамбери, пренесуваат француските медиуми.

Тој од следната сезона ќе се соедини со Ивица Обрван и на клупски план, бидејќи веќе одлично соработуваат во македонската ракометна репрезентација. Брестовац не би требало да има проблеми во Франција, бидејќи дел од играчката кариера ја мина во оваа земја, а во Шамбери ќе го замени легендарниот Џексон Ричардсон кој пак се пресели во Дижон и ќе се обиде овој клуб да го врати во елитата.