Бридлав: Следната цел на Русија можеби Молдавија

Врховниот командант на НАТО за Европа, американскиот генерал Филип Бридлав изјави дека Русија по конфликтот во Украина би можела да се насочи кон Молдавија, со цел да го спречи нејзиното преориентирање кон Западот.

Бридлав вчера во американскиот Конгрес на прашањето, која би можела да биде следната цел на Русија по Украина, истакна дека тоа би можела да биде Молдавија, пренесува МИА.

– Руските војници се наоѓаат во Придњестровието со цел да ја спречат Молдавија од вртењето кон Западот, изјави вчера Бридлав.

Парламентот на Молдавија на 12. февруари не ја изгласа проевропската малцинска влада, туркајќи ја државата во состојба на политичка неизвесност.