Bright Crystal Absolu – мирис со засилен интензитет и долготрајност

Засновани на популарноста на Bright Crystal изданието модната куќа Versace и Евроиталија преку новиот парфем Bright Crystal Absolu ја лансираа засилената варијација на оригиналниот мирис со надеж дека ќе ги воодушеват обожавателите.

– По исклучителниот успех на Bright Crystal на светско ниво, сакавме да им ја исполниме желбата на оние потрошувачи кои имаат поголеми барања и да лансираме поинтензивна верзија, изјави Џовани Сгариболди, претседателот на Евроиталија.

br_cr_3

Креативниот директор на Versace, Донатела Версаче нагласи дека станува збор за истиот мирис со засилен интензитет и долготрајност, чија композиција нуди мирис што вибрира и е исполнет со љубов.

Амбалажата на овој парфем останува иста како и кај неговиот претходник, но во нешто потемно розева боја, додека надворешната амбалажа е украсена со бело-сиви орнаменти.

br_cr_2

Рекламната кампања ја фотографираше Марио Тестино, а заштитно лице на новиот мирис е Кендис Свонепул.