„Брима галуп“: Мнозинството Македонци сметаат дека политиката на опозицијата е деструктивна

Според последното истражување на  јавното мислење, од страна на реномираната агенција „Брима галуп“, за мнозинството од Македонците политиката на опозицијата е деструктивна, додека, пак, политиката на власта е конструктивна, пренесува „Република“.

Реномираната независна агенција за истражување на јавното мислење „Брима галуп“, на барање и во соработка со неделникот „Република“, во периодот од 29 октомври до 3 ноември 2015 година спроведе теренска анкета за испитување на јавното мислење на граѓаните во однос на повеќе прашања поврзани со актуелни политички теми, при што беа анкетирани 1.007 испитаници.

Со оглед на фактот што на сите досегашни избори етничките Албанци во Република Македонија речиси стопроцентно гласаа за политичките партии во албанскиот политички кампус, порталот ги објавува резултатите од анкетата што се однесуваат на мислењето на Македонците. Истовремено, поаѓајќи од фактот дека македонските гласачи на избори, во најголем процент, својата поддршка ја даваат за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ, истражувањето, генерално, е со прашања што се однесуваат за овие две политички партии.

По последните…