„Брима галуп“: Мнозинството Македонци сметаат дека политиката на опозицијата е деструктивна

По последните случувања на македонската политичка сцена и дебатите за конструктивниот или деструктивниот однос на политичките партии, според 52,5 проценти од Македонците, опозицијата има деструктивна политика, додека, пак, 48,6 проценти од Македонците сметаат дека власта води конструктивна политика.

На прашањето: Според вас, дали политиката на опозицијата е конструктивна или деструктивна? 52,5 проценти од испитаниците одговориле дека политиката на опозицијата е деструктивна, наспроти 26,3 проценти, кои сметаат дека политиката на опозицијата е конструктивна.

Во однос на ова прашање 18,2 проценти од испитаниците одговориле со Не знам, а 3 проценти одбиле да одговорат.

brima-galup-2

Додека, пак, на прашањето: Според вас, дали политиката на власта е конструктивна или деструктивна, 48,6 проценти од граѓаните одговориле дека политиката на власта е конструктивна, наспроти 31,6 проценти, кои сметаат дека политиката на власта е деструктивна.

На ова прашање 3,8 проценти од испитаниците одбиле да одговорат, а 16,6 проценти одговориле со Не знам.

brima-galup-3

На прашањето: Која политичка партија има подобра програма, ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, 56,5 проценти од испитаниците одговориле ВМРО-ДПМНЕ, додека 15,6 проценти СДСМ.

5,5 проценти одбиле да одговорат, а 22,3 проценти одговориле со Не знам.

brima-galup-4

Слична е определбата на граѓаните во делот на процена на политичкиот кадар со кој располагаат двете партии. Повеќе од двојно од Македонците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ има подобар политички кадар.

На прашањето: Која партија има подобар политички кадар, ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 52,9 проценти, а за СДСМ се изјасниле 23,3 проценти.

Одбиле да одговорат 4,3 проценти, а 19,5 проценти одговориле со Не знам.

brima-galup-5

Македонците со недоверба гледаат на ветувањата што СДСМ почна да ги претставува како дел од изборната програма. Само 21,7 процент од Македонците веруваат во ветувањата од изборната програма на опозициската партија.

Дали би им верувале или не на ветувањата од изборната програма што СДСМ почна да ја претставува пред граѓаните?

55,4% одговориле НЕ

21,7% одговориле ДА

6,3% одбиле да одговорат

16,6% одговориле Не знам

brima-galup-6

За Македонците…