БРИМА ГАЛУП: Опозицијата нема капацитет да биде подемократична од актуелната власт

БРИМА ГАЛУП: Опозицијата нема капацитет да биде подемократична од актуелната власт
БРИМА ГАЛУП: Опозицијата нема капацитет да биде подемократична од актуелната власт

За Македонците опозицијата нема капацитет да биде подемократична во однос на актуелната власт, покажа истражувањето на јавното мислење на „Брима Галуп“.

На прашањето: Дали опозицијата, доколку ја преземе власта, би била подемократична во однос на актуелната власт 52,8 проценти од граѓаните се изјасниле дека сметаат дека не би била подемократична, наспроти 22,6 проценти, кои велат дека би била демократична. 21,3 проценти одговориле дека Не знаат. На ова прашање 3,4 проценти од испитаниците одбиле да одговорат.

anketa-svoi-mediumi-640x461

Во однос на медиумската област и сѐ позачестените дебати во јавноста во однос на медиумите и нивната наклонетост кон политичките партии, дури 63,3 проценти од Македонците сметаат дека опозицијата има свои медиуми. На прашањето: Дали опозицијата има „свои“ медиуми, чијашто уредувачка политика е понаклонета на опозицијата

63,3 проценти од граѓаните сметаат дека опозицијата има „свои“ медиуми, наспроти 20,4 проценти што сметаат дека опозицијата нема „свои“ медиуми.

На ова прашање 2,6 проценти одбиле да одговорат, а 13,7 одговориле со Не знам.