Бринети или русокоси: Кои се подобри во кревет

Еден сајт за запознавање врз примерок на 1.000 мажи дојде до резултат за тоа кои жени се подобри во кревет, бринетите или русокосите.

И додека на сите ни епозната изреката дека русокосите повеќе се забавуваат, кога станува збор за сексот, по се изгледа дека бринетите се подобри љубовници. Ова тврдење го застапуваат 58 отсто од испитаниците во оваа анкета кои рекле дека жените со потемна боја на косата се подобри во кревет.

Вкупно 54 отсто рекле дека русокосите воглавно се неверни, додека 26 отсто тоа го мислат за бринетите.

Ако мислевте дека на мажите им е најважен физичкиот изглед тогаш ќе ве изненади тоа што дури 91 отсто од испитаниците рекле дека им е најважна смислата за хумор.

Заклучокот е дека бринетите со смисла за хумор имаат одличен сексуален живот.