Балкан

Брисел бара воведување на санкции за БИХ

Брисел бара воведување на санкции за БИХ

Европската комисија предложила воведување санкции за Босна и Херцеговина, објави весникот „Дневни аваз“.

Во писмо испратено до Европарламентот и останати институции во ЕУ предложено е укинување на Привремениот договор за трговија со БиХ, ако Сараево до 1 јануари 2016 година не договори со Брисел услови со кои на Хрватска ќе и се обезбеди соодветен трговски договор со БиХ.

БиХ се уште не прифатила прилагодување на трговските поволности одобрени во рамки на Привремениот договор.

Во случај до донесување на таа уредба ако ЕУ и БиХ не потпишат и привремено применуваат договор за прилагодување на трговските олеснувања од договорот за стабилизација и Привремениот договор, олеснувањата одобрени за БиХ би требало да прекинат 1 јануари 2016 година, се вели во предлогот на комисијата.

Ако таа одлука се усвои БиХ ќе го загубат пазарот во ЕУ, а Брисел нема да додели околу 550 милиони неповратни средства од фондови за БиХ поради неспроведување на реформи.