Брисел: Бремената Македонка го заклала сопругот

Скопјанката Флорије Д. (37) со нож го убила сопругот Неат Т. (39), во станот во кој живееле, во Брисел.

Според белгиските медиуми, жената често се расправала со сопругот, но последната кавга била фатална за мажот. Во расправијата што се случила пред два дена жената со нож го прободела во вратот и го оставила да искрвави во нивниот стан во бриселското предградие Остенд, пренесува Дневник.

Соседите, кои ја слушнале жестоката расправија, веднаш ја информирале полицијата, но кога таа пристигнала, Неат веќе бил мртов.

Полицијата ја пронашла Флорије зад зградата, во состојба на шок

Жената веднаш била уапсена, а нејзиниот адвокат изјавил дека таа го признала делото.

Флорије Д. била во петтиот месец од бременоста, а имала и петгодишен син.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.