Брисел ќе го укине англискиот јазик?

Англискиот јазик кој е втор во светот по бројот на луѓе што го говорат и главниот работен јазик во институциите на ЕУ, можеби веќе нема да биде официјален јазик во ЕУ ако Велика Британија излезе од блокот.

Ова го изјави претседателката на Комитетот за уставни прашања на Европскиот Парламент Данута Хобнер, пренесува Ројтерс.

Англискиот е наш официјален јазик затоа што како таков го бараше Велика Британија. Ако ја немаме Велика Британија (во ЕУ) го немаме ниту англискиот јазик, рече таа на пресконференцијата посветена на правните последици од британскиот референдум за напуштање на ЕУ.

Хубнер додаде дека англискиот би можел да остане работен јазик во ЕУ, дури и во случај ако веќе не е официјален, но дека тоа би требало да го прифатат сите држави членки на Унијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.