АНАЛИЗА: Брисел ќе ја третира Британија како што Македонија ја третирала Спарта

Европската федерација на држави (латински foedus, договор, од самиот корен како fides, доверба, добра волја). Но колку долго може таква федерација да опстои со непослушни членови? Во некој стадиум ќе настане распукнување, како што и се случило со Спарта.

Во 338г. п.н.е Филип II Македонски, таткото на Александар Велики, ги завршил освојувањата на Грчките градови држави и за првпат формирал политичка федерација. Сите градови држави испратиле претставници на состаноците на Советот, но извршната власт била во рацете на Филип. Кога тој бил убиен во 336 г.п.н.е. , македонците биле тие кои му ставиле крај на сето тоа. Целта било да се држат градовите држави – полиси слаби и го претскажале крајот на автономијата која била таков причинител на превирања за класичното грчко достигнување.

Гневна дека Филип ја лишил од нејзините погранични територии, Спарта одбила да се приклучи во унијата. Но, Филип не направил ништо, пресметувајќи дека Спарта може едноставно и безбедно да ја остави да се удави во сопствените води. Во 331 г.п.н.е. , сепак додека Александар бил во Персија, а локалните македонски резереви биле осиромашени, Спарта прогласила „слобода“ и почнала да си ги превзема изгубените територии. Но, не за долго: во 330 г.п.н.е. Македонскиот генерал Антипатер, ја проширил војската со платеници и членови на лигата и ги скршил Спартанците кај Мегалополис. За нив повеќе немало проблеми. Грците очигледно преферирале живот под владеење на Македонците повеќе, отколку под Спартанците.

Оние, кои се заробени во еврото не се расположени да ризикуваат да го предизвикаат гневот на Јункер. Понатаму, ЕУ (како Македонците) ги држи сите карти и во некој момент ќе ги игра: придружете се на еврото и сте внатре, одбијте и сте надвор.

Ете зошто Јункер, клучен играч во создавањето на еврото, беше назначен за претседател на Комисијата, да ја подготви Унијата за завршната игра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.