Брисел: Конференција за соработка на Западен Балкан

Конференција за регионална соработка во земјите од Западен Балкан со учество на министрите за надворешни работи на земјите од регионот, претставници на Европскиот парламент и на невладини организации почнува денеска во Брисел.

Идејата на настанот е да се покаже досегашниот напредок на земјите од Западен Балкан.

Конференцијата ќе биде отворена од еврокомесарот за проширување и односи со соседите Јоханес Хан и премиерот на Албанија Еди Рама. Идејата за конференцијата, организирана од Советот за регионална соработка и Балканскиот фонд за демократија е да се покаже досегашниот напредок на земјите од Западен Балкан во процесот на внатрешните реформи и усогласувањето на нивните законодавства со нормите на Унијата.