Брисел лут на Белград за парадата за Путин

Се очекува Брисел до Белград да биде испратена нота, по посетата на рускиот претседател Владимир Путин.
putin-srbija-500

– Брисел по посетата на Путин на Белград ќе го зајакне притисокот врз Србија, со цел да не дојде до зголемување на српскиот извоз за Русија. Затоа не е исклулчена можноста следните денови на адреса на српските власти повторно да стигне бриселска нота, со која нашите функционери уште еднаш ќе бидат потсетени на очекувањата на ЕУ, изјавиле дипломатски извори за Вечерње новости“.

Официјалните изјави од ЕУ по посетата на Путин беа мошне благи, но неформални дипломатски канали веќе испратиле порака дека предупредувањето на Брисел би можело да добие поостар тон, во вид на демарш, во кој изрично ќе се бара Србија да не го прекршува ембаргото, кое европските земји го воведоа кон Русија.

Првата опомена Србија веќе ја доби во август, кога на премиерот Александар Вучиќ во Обреновац му беше врачен т.н. ед мемоар со инструкции за извоз во Русија.

Според информациите, до кои дошол весникот, „црвената сијаличка“ во врвот на ЕУ ја запалила изјавата на Путин дека за српското стопанство е поволен момент да добие подобро место на рускиот пазар. Тој изјави дека српскиот земјоделски сектор во моментов во Русија извезува стока вредна околу 150 милиони долари, но оти вредноста мошне брзо може да достигне 500 милиони.

Весникот додава дека Брисел од друга страна е задоволен со тоа што Вучиќ во присуство на Путин уште еднаш потврдил дека Србија останува на европскиот пат.