Брисел: Не станува збор за бомба, експлозијата е предизвикана од пожар

Во најновиот извештај за експлозијата што рано утрово се случи на Институтот за криминологија на северот на Брисел, се наведува дека  тврдењата за подметната бомба се лажни.

Најверојатно станува збор за криминално дело, а не за терористички акт, соопштуваат од канцеларијата на бриселското обвинителство, пренесува Б92.

Станува збор за намерно подметнат пожар во лабораторијата на сојузната полиција, изјави портпаролката и додава дека експлозивор не е ниту уфрлен ниту претходно подметнат, туку дека пожарот предизвикал експлозија.

Според претходните известувања, еден или повеќе напаѓаќи со автомобил ја пробиле оградата околу 3 часот изутринава и потоа детонирале бомба недалеку од лабораторијата што предизвикало пожар.

Сеуште официјално не се утврдени причините за експлозијата, но портпаролот на Противпожарната заштита Пјер Мејс изјав и дека причината најверојатно не е случајност, додека обвинителот одби да ги нагаѓа причините за експлозијата на Институтот за криминологија.

Белгиските медиуми пренесуваат дека причина за експлозијата е автомобил што удрил во зградата.

Експлозијата беше мошне силна, прозорците се искршени во дијаметар од повеќе десетици метри, изјави Мејс.

Институтот за криминологија е дел од белгискиот правосуден систем, а н егова задача е да изведува научни анализи поврзани за кривичните предмети и да ги проучува системите на функционирање на затворските системи.