понеделник, 16 јануари 2017  |  Вести денес: 45

Брисел незадоволен од темпото со кое Атина ги спроведува мерките на кредиторите

Грција суштински заостанува во однос на овие мерки, особено со оглед на фактот дека Атина овој месец требаше да финализира 16 од нив, а исполни само две.

133320650

Последни вести

Брисел не е задоволен од бавниот напредок на Атина во реализација на мерките кои ги наложија кредиторите, за кои Грција треба да ја добие следната транша од 2,8 милијарди евра од третиот спасувачки пакет финансиска помош, пишува „Катимерини“.

Еврокомесарот за економски и монетарни прашања, Пјер Московици ги предупредил грчките пратеници и министерот за финансии Евклидис Цакалотос дека нема место за повеќе одложувања и оти Атина мора да го забрза спроведувањето на договорените мерки.

Според весникот, Грција суштински заостанува во однос на овие мерки, особено со оглед на фактот дека Атина овој месец требаше да финализира 16 од нив, а исполни само две.

Следната транша од 2,8 милијарди евра и е неопходна на Грција затоа што земјата мора да врати долгови. Средствата треба да бидат исплатени преку Европскиот механизам за стабилност, и 1,7 милијарди од нив ќе одат за плаќање обврски на државата, а другите 1,1 милијарди евра за отплата на надворешен долг.

Најчитани вести