Брисел: Петмина приведени за експлозијата во Институтот за криминологија

Пет лица беа задржани на распит во врска со пожарот којшто избувна утрово во Институтот  за криминологија во Брисел, изјави портпаролката на бриселското Обвинителство, а пренесува МИА.

Во пожарот, за којшто се знае дека бил подметнат, и кој предизвика експлозија, нема настрадани.

Претходно имаше информација дека во Институтот била поставена бомба, што беше демантирано од бриселското обвинителство.

Информацијата за експлодирана бомба пред Институтот за криминологија во Брисел веројатно е неточна, и поверојатно е дека избивнал пожар во една од лабораториите, соопшти бриселското обвинителство, пренесува БТА.

Не верувам дека е тероризам. Криминална појава е. Не можам да го потврдам постоењето за бомбата, истакна претставничката на обвинителството.

Белгиските медиуми претходно соопштија,дека минатата ноќ лица во автомобил ја турнале рампата пред влезот на зградата и предизвикале експлозија, која нанела сериозни штети.

Како што изјави претставничката на обвинителство, целта на групата била уништување на докази, бидејќи била опожарена лабораторијата каде се вршат ДНК испитувања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.