Брисел: Расте бројот на загинати, двaјца уапсени во близина на метро станицата Малбег

Според светските новински агенции, 20 лица биле убиени во експлозијата во метрото и уште 14 биле убиени во двете експлозии на аеродромот Завентем во Брисел, пренесе ТАСС.

Според Ројтерс, во моментов бројот на загинати се искачи на 34 лица.

Исто така, се појавија информации дека две лица се уапсени во близина на метро станицата Малбег каде избувна една од експлозиите.

Утрово престолнината на Европа беше погодена од три бомбашки напади. Две експлозии одекнаа на бриселскиот аеродром Завентем, а една во метро станицата Малбег во близина на европските институции.