Брисел: Референдумот во Крим е закана за целата ЕУ

Референдумот во Крим ја загрозува безбедноста на целата Европска унија, бидејќи може да предизвика сепаратизам во други региони на Европа. Ова е официјалниот став на Брисел, пренесе „УНИАН“.

За да се спречи оваа закана, ЕУ е подготвена на економски жртви, што можат да провоцираат санкции против Русија. Ако Москва продолжи да ескалира во Крим, ЕУ не само што ќе ги замрзне сметките и поништи визите на некои Руси, туку може да замрзне економските и политичките односи со Русија, велат од Брисел.