Македонија

Брисел со јасна порака: Опозицијата да се врати во Парламентот

Брисел со јасна порака: Опозицијата да се врати во Парламентот

Пораката која социјалдемократите ја добиваат од Брисел за бојкотот на Парламентот е јасна и недвосмислена. Меѓународната заедница со јасен став дека Зоран Заев и СДСМ треба да се вратат во Собранието и да делуваат конструктивно, пишува порталот Курир.

Иако пораките кои доаѓаат од меѓународните претставници често знаат да бидат двосмилени и недокажани, сепак тоа не е случај кога бојкотот на опозицијата е во прашање. Изминатиов период, највисоките меѓународни претставници упатија јасна порака до СДСМ да се врати во Собранието. Иво Вајгл, словенечкиот европарламентарец кој е новиот известувач за Македонија вчера во интервју за Алфа изјави дека лично на лидерот на СДСМ му кажал дека опозицијата мора да се врати во Парламентот.

vajgel

-Дојдов до сознание дека прва работа која Македонија сама мора да ја реши е да воспостави нормален парламентарен однос меѓу опозицијата и владата. Парламентот е место каде со соочуваат ставовите и каде може да се води дијалог за несогласувањата, за проблемите. Тоа значи дека опозицијата мора да се врати во Парламентот. Тоа беше и мојата порака до лидерот на опозицијата – кога се има 30 проценти од гласовите, се има голема моќ, се има значаен мандат на своите гласачи и тој треба да се искористи, а не да практично се отфрли. Но тоа бара и почитување од страна владата и партиите победнички на изборите, вели Вајгл.

Тој во интервјуто додава и дека Македонија може да ги почне преговорите за членство, Грција треба да покаже дека го има духот на европско добрососедство, а Унијата мора да понуди нов пристап во процесот на проширување.

Повик до опозицијата да се врати во Парламентот стигна и директно од новиот еврокомесар за проширување Јоханес Хан.

500johanes-han_620x0

– Би сакал уште еднаш да ги повикам сите политички партии да имаат политичка дебата во парламентот, а не надвор од парламентот. Особено би сакал да ја видам опозицијата да се врати во Собранието и секогаш кога ќе можам ќе го кажувам ова и во тој поглед, моја намера е да остварам брза посета на Република Македонија во јануари следната година. Да имам прв состанок со водечките личности на различните политички партии со цел да се направи понатамошен прогрес и да се напредува, вели Јоханес Хан, Еврокомесар за соседство и преговори за проширување.

Хан воедно најави посета во јануари во Скопје, посочи дека Европската комисија бара начин за одблокирање на евроинтеграциите на Македонија и другите земји од регионот.

„Доколку ја сакате државата, вратете се во Парламентот“. Ова е пораката од европратеничката Маријана Петир до опозицијата. Во интервју за  „Република“, членот на мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Македонија испрати и директна порака до опозицијата да не го сопираат европскиот пат на Македонија.

petirrr– Една од сериозните замерки на европската комисија е токму неучеството на опозицијата во работата на парламентот и оваа прилика ја користам да ги повикам сите оние кои ја сакаат Македонија и и посакуваат добро, за отворените проблеми да зборуваат во парламентот и да не го сопираат европскиот пат на Македонија. Верувам дека таков потег би влијаел битно и на мислењето на комисијата и на засилениот ангажман на Комисијата кој е потребен да се совладаат сегашните бариери кои постојат во соседните земји, потенцира Петир.

Европратеничката вели дека политичката зрелост подразбира почитување на изборните резултати и ставање на државните над партиските интереси.

– Сметам дека дијалогот нема алтернатива, односно оти сите проблеми мораат да се решаваат на местата предвидени за тоа и со луѓето кои имаат надлежност за нивно решавање. Нема подобро место за таков политички дијалог од македонскиот парламент. Предизвиците на политичкиот процес кои се пред Македонија, самите по себе се доволно големи и за нивно решавање е потребен консензус на сите политички опции. Политичката зрелост подразбира почитување на изборните резултати и сузбивање на партиските и/или поединечните интереси. Ако на македонските политичари им значи иднината на Македонија и нејзиниот напредок, тие мораат да ги сузбијат меѓусебните несогласувања и да се усогласат околу тоа дека добробитта на нивната држава и нивниот народ е на прво место, дека е добро за Македонија сама да ги отстрани препреките кои може да ги отстрани за да ги одблокира преговорите и оти местото за таков разговор и такво решение е македонскиот парламент, а не улицата, вели хрватската европратеничка.

hovitt_sechenaИ поранешниот известител за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит со иста порака.

-Бојкотот не е решение, надминување на проблемите е знак за зрела демократија. Моите наоди се дека партиите тоа го немаат сфатено и нивна задача е тоа да го подобрат. Внатрешни  поделби не можат да се решат однадвор. Сметам дека постои неуспех во однос на политичкиот дијалог во земјата, рече Ховит, на денешното јавно предавање.