Брисел со нови прописи: На пазарите мора да биде напишано латинското име на рибите

На рибните пазари низ ЕУ наскоро покрај локалните имиња на рибата ќе мора да биде напишано и нивното име на латински, пренесува МИА.

Финските рибари и трговци со риба се спротивставија на новите прописи од Брисел, за што извести и националната телевизија YLE.

– Секое утро уште половина час ќе морам да пишувам нови назнаки – рече Сара Хакинен за YLE.

Како што рекоа во надлежните фински инспекции, тие кои нема да се придржуваат до прописите во пробниот период, нема да бидат казнувани, но ќе им се изречат опомени.