Брисел во жалост по нападот врз „Шарли ебдо“

Знамињата на Европската унија од синоќа се на половина копје пред сите ЕУ-институции, по грозоморниот терористички напад врз канцелариите на францускиот неделник „Шарли ебдо“ во Париз, при што загинаа 12 лица, од кои десет новинари.

Како што јавува МИА, европската престолнина е во длабока жалост, а во знак на почит кон загинатите, сите пратеници во Европскито парламент (751 на број), предводени од претседателот на ЕП, Мартин Шулц, претпладнево одржаа едноминутно молчење пред зградата на Европарламентот во Брисел. А истата почит кон жртвите беше искажаа и на редовната пладневна прес-конференција во Европската комисија, а за 14:00 часот е закажана и изјава на Колеџот на комесари предводен од Жан-Клод Јункер, кои се во Рига на прв состанок во Летонското претседателство со Унијата.

– Ја примивме со голем шок и тага информацијата за терористичкиот напад врз канцеларијата на неделникот Шарли Ебдо во Париз. Ова грозоморно дело е напад против нашите вредности на слободата на изразување и слободата на печатот, против толеранцијата и меѓусебното почитување. Силно го осудувам и во име на Европскиот парламент, јас го изразам моето сочувство до семејствата и пријателите на жртвите – истакна првиот човек на Европарламентот, Шулц по денешната минута молчење на 751 европратеник пред зградата на ЕП во Брисел.

Во исто време, ЕУ ја зголеми и безбедноста на своите институции во еворпската престолнина, а и белгиската полиција го засили обезбедувањето на државните институции во главниот град.

Портпаролката на Европската комисија, Наташа Берто, денеска посочи дека како реакција на овие напади, на политичко ниво има одржано неколку состаноци во рамки на неформалната Влада на ЕУ, дека Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини веќе закажала состанок на Советот за надворешни рбаоти (ФАК) за 19-ти овој месец, каде главна тема на разговор ќе биде тероризмот и борбата против него. А, Летонското претседателство со Унијата, за 28-ми јануари закажа вонреден состанок на министрите за внатрешни работи со тема борба против тероризмот.

brisel_2

– Борбата против тероризмот е одговорност на земјите-членки, но ние сме тука да им помогнеме. Имаме внатрешна безбедносна стратегија која истече минатата година, но следните неколку месеци ќе донесеме Европска агенда за безбедност. Креиравме легална околина за соработка и размена на информации меѓу земјите-членки за безбедносни прашања, а фгункционира и шенген-информацискиот систем, од кој токму Франција имаше најголема корист во однос на системот за проверка на индивудуалци и документи. Постои и заштитна клаузула во случај на потреба за заштита на границите, а даваме и финансиска поддршка на земјите за развивање на нови алатки за борба против тероризмот и враќањето на странските борци во Европа – образложи Берто.

Според гласноговорничката на Еврокомисијата, последните информации на полициската агенција на Европската унија – Европол, покажале дека меѓу дест и 12 илјади странски борци во рамки на т.н. Исламска држава на Ирак и Левант (ИСИЛ), од кои според Европол две ипол илјади се од Европа.

Во исто време, со реакција се јавија и меѓународните новинарски здруженија лоцирани во Бриусел. Асоцијата на европските новинари (АЕЖ) ги осуди, како што ги нарече “варварските и ладнокрвни” убиства во нападот над магазинот Шарли ебдо во Париз, во кој беа убиени 12 лица, од кои 10-мина вработени во магазинот.

– Ова е најголемиот крвав напад што некогаш е извршен врз новинари во Франција и во Европа. Асоцијацијата на европски новинари им се приклучува на своите колеги во францускиот дел на здружението во изразувањето на ужасот од овој варварски чин против слободата на печатот – се наведува во соопштението на Асоцијацијата на европски новинари.

Изразувајќи сочувства до семејствата на убиените, АЕЖ потсети во своето соопштение на сите претходни напади и обиди за напади врз магазинот Шарли ебдо, што на крајот, сепак им успеа на терористите.

– Денес ние сме горко потсетени дека слободата на говорот и слободата на медиумите се повеќе се под напад, дури и во Европа и дека сите истражувачки новинари сега се изложени на ризик од насилни напади поради нивната работа. Слободата на изразување и мислење се основните европски вредности кои треба да се бранат по секоја цена – гласи пораката од домот на европските новинари.

– Фала на политичари кои застанаа цврсто засд слободата на меидумите и дека истата не смее да биде допрена, но и да сите обични луѓе кои дадоа безусловна поддршка и изразија жал за жртвите. Нема да дозволиме да бидеме заплашувани! – истакна Том Ваингертнер, претседател на Меѓународната новинарска асоцијација (АПИ).

фото: МИА