Брисел воведува нови санкции за Русија

Советот на Европската Унија усвои сет рестриктивни мерки кои од денеска, 1 август, ќе се применуваат кон Русија поради нејзината активност за дестабилизација на Источна Украина.

За да се ограничи пристапот на Русија на пазарот на капитал на ЕУ, државјаните и компаниите од Унијата нема да купуваат или продаваат нови обврзиници или слични финансиски инструменти во рок од 90 дена кои ќе ги емитира руската државна банка, развојната банка, нивните фирми-ќерки и коимпании кои делуваат во нивно име.

Забранети се и услуги поврзани со такви финансиски инструменти, како што се брокер-услугите, се додава во соопштението.

ЕУ воведе и ембарго на увоз и извоз на оружје и сличен материјал во и од Русија, како и забрана за извоз на добра и технологија за воени употреби во Русија.

Извозот на одредена опрема и технологија за енергетика во Русија ќе биде предмет на авторизација на компетентните тела на државите членки, се додава во соопштението.

Лиценците за извоз ќе бидат одбиени доколку производите се одредени за истражување на нафта во длабоките води и истражување на арктичката нафта.