Анализи

Медиумите анализираат Брисел загрижен од соработката со Кина во групата 16+1

Брисел загрижен од соработката со Кина во групата 16+1

Групата 16+1 земји од централна и источна Европа и Кина, чиишто шефови на влади се сретнаа во понеделникот во унгарската престолнина Будимпешта, предизвикува сомнежи во Брисел и главните престолнини на западните членки на Европската унија, а дипломатите стравуваат дека со неа Пекинг би можел да ги поткопа правилата на ЕУ и да ги користи растечките тензии меѓу источните и западните членки на Унијата, пишува е Financial Times.

Главниот мотив на соработката во рамките на овие криви е можност Кина да финансира и гради автопати, железнички пруги и друга инфраструктура која некои сиромашни членки од централна и источна Европа требаат, но димензиите на операциите во таа соработка се прелеаја и на политичките и на стратешките области, што предизвикува недоверба кај некои западноевропски сили кои доминираат во политиката на Унијата, пишува весникот.

„Овој субрегионален пристап (16+1) наидува на многу сомничавост не само во Брисел, туку и во престолнините ан другите држави членки“, изјавил за Financial Times европски дипломат кој не сакал да биде именуван поради чувствителноста на темата.

Друг дипломат, кој исто така барал да остане анонимен, напомнува дека „16+1 се занимава со многу работи“ а некои од нив „задираат во надлежностите на ЕУ или влегуваат во нејсините области каде што веќе постојат иницијативи меѓу ЕУ и Кина“. „А го гледаме само врвот на сантата мраз“, додал.

Како течеа подготовките на Македонија, домаќинот Унгарија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Естонија, Латвија, Литванија, Полска, Романија, Словенија, Словачка, Србија, Црна Гора, Чешка и Хрватска за годишниот самит (првиот е одржан во 2011 година – з.р.) со Кина, станува јасно дека влијанието на Пекинг расте во државите од централна и источна Европа, забележува весникот.

„Тежиштето на светската економија се придвижува од запад кон исток, и иако сѐ уште тоа во западниот свет донекаде се порекнува, тоа негирање не изгледа разборито. Гледаме како тоа тежиште на светската економи се мрда од атлантскиот во пацифичкиот регион. Тоа не е мое мислење, тоа е факт“, изјави во октомври унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„За Кина овие шеснаесет земји се важи самите посебе но и како мост во ЕУ“, вели Џонатан Хилман, директор на проектот „ Reconnecting Asia“ на вашингтонскиот центар за стратешки и меѓународни студии (CSIS)

За некои во ЕУ има две главни причини за загриженост. Правата е дека Кина би можела да ги засили своите настојувања да го искористи влијание коешто го гради во централна и во источна Европа за да ги заобиколи некои од аспектите на заедничката политика на Унијата кон Кина. Втората е дека некои земји од групата 16+1 би можеле да ги искористат силните врски со Кина да ги зајакнат своите преговарачки позиции во однос на Брисел.

Европски дипломати велат дека таквата динамика би можела да ја поткопа ефикасноста на Брисел во често нескладните односи со неговиот втор според обемот трговски партнер. Едно од нештата коишто предизвикуваат загриженост во ЕУ е дека истрајноста на Кина на гарантираните договори за нејзините компании би можело да ги наруши правилата за јавните набавки за единствениот пазар на ЕУ.

Страстите веќе се разбрануваа. Во септември германскиот вицеканцелар и министер за надворешни работи Зигмар Габриел го повика Пекинг да го почитува концептот „една Европа“, додавајќи дека „доколку не успееме да развиеме единствена стратегија во однос на Кина, тогаш Кина ќе успее во делењето на Европа“. Кинеското министерство за надворешни работи тогаш одговори дека е „шокирано“ од изјавата на Габриел.

Чуи Хонгциан, директор на Кинескиот институт за надворешна политика, напиша во државниот весник The Global Times, дека концептот „една Европа“ на Габриел е неприкладен, а неговата загриженост околу групата 16+1“ е неоснована.

„Габри’ел од Кина побара да го развива ставот ‘една Европа’. Една Европа е можна географски, ное не и во политичка и во економска смисла“, напиша кинескиот аналитичар.

Тоа многу европски дипломати го протолкуваа како повик за 16-те земји да го поддржат кинескиот став во спорот во Јужнокинеското Море и по другите геополитички прашања коишто се важни за Пекинг, како што е неутрализирањето на тибетскиот лидер во егзил Далеј Лама, и спротиставување на независноста на Тајван од кинеската матична територија.

Во некои западноевропски престолнини загриженост предизвикува и потенцијалот на групата 16+1 да обликува идни гласања во институции на Европската унија. Унијата бара едногласност по повеќето прашања од надворешната и безбедносната политика, вклучително и санкциите, што всушност на секоја земја членка ѝ ја дава можноста да вложи вето.

Дипломат од една од земјите од групата 16+1, во разговор за Financial Times ја брани групата како „економски инструмент“ којшто работи „целосно транспарентно“.

„Знам дека има луѓе на коишто ова им предизвикува немир“, рекол дипломатот. Но меѓу членките од групата 16+1 им велиме и на Кинезите дека сме членки на ЕУ и ги следиме заедничките ставови на ЕУ во однос на Кина“, уверува неименуваниот дипломат.