Бриселска средба меѓу Грција и кредиторите

ЕУ: Специјалниот обвинител нема да г замени јавниот
ЕУ: Специјалниот обвинител нема да г замени јавниот

Грција и нејзините меѓународни кредитори ќе се состанат денес во Брисел за да разговараат за програмата за финансиска помош за Атина и низата реформи кои таа треба да ги спроведе во замена за итното отклучување на преостанатата транша од кредитот, соопшти вчера Европската унија, пренесе Франс Прес.

Според најавите, првиот состанок ќе се одржи денес попладне.

Бриселската група ја сочинуваат претставници од Грција, Европската унија, Европската централна банка, Меѓународниот монетарен фонд, како и претставниците од Европскиот стабилизационен механизам, кој емитува обврзници или други должнички инструменти на финансиските пазари со цел да собере капитал за помош на земјите членки.

„Денешните разговори доаѓаат во пресрет на неформалниот состанок на министрите за финансии на еврозоната на 24 април во Рига, на кој министрите ќе имаат прилика да го проценат досегашниот напредок“, изјави Мина Андреева, портпаролката на Европската комисија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.